Спреч шверц на оружје кон Франција

0
421

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ изјави денес дека е пресечен голем синџир на шверц на оружје кон Франција преку апсењето на двајца српски државјани во најновата акција на полицијата во Нови Сад, пренесува српски „Блиц“.

Запленети се два пушкомитралези, три килограми експлозив, два автомати и муниција. Министерот за РТС изјави дека до апсењето дошло синоќа во доцните вечерни часови, а дека акцијата што траела неколку месеци ја спровела новосадската полиција со Жандармеријата.