Спречен атентат на Трамп

0
749
Мајкл Сендфорд се обидел да разоружи полицаец пред два дена, но бил совладан.

Мажот, кој за време на викендот бил уапсен бидејќи на митингот на Доналд Трамп во Лас Вегас се обидел на еден полицаец да му го одземе пиштолот, признал дека сакал да го убие најизгледниот кандидат на републиканците за претседателските избори во САД.

“Сендфорд кажа дека свесно дошол во Лас Вегас да го убие Трамп”, стои во извештаите, пренесува AFP.