Спречен пробив на џихадистите во Алепо, убиени 800 екстремисти

0
715

Руската војска соопшти дека е спречен обид со околу 5.000 екстремисти да се тргне во офанзива југозападно од Алепо со цел да се пробие опсадата на сирискиот град.

Сириската војска соопшти дека биле убиени околу 800 џихадисти.

Началникот на главниот операциски оддел на Генералштабот на руската војска Сергеј Рудској кажа дека ова се случило во неделата и дека екстремистите изгубиле 14 тенкови, 10 други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.

Според него, офанзивата била организирана од страна на Ал-нусра фронтот. Рудској истакна дека во областа на Алепо имало повеќе од 100 терористички напади.

Според информациите на рускиот Генералштаб, изминатата недела загинале околу 250 луѓе, а најмалку 900 биле ранети во четири терористички напади