Спречен терористички напад во центарот на Брисел

0
225

Поради дојава за бомба евакуиран е шопинг центар во Брисел, кој се наоѓа во строгиот центар на белгиската престолнина, јави Russia Today.

Според истиот извор белгиската полиција уапсила еден маж кај кого бил најден експлозив.

Веднаш по дојавата дека во шопинг центарот „City 2“ постои закана од експлозија на бомба била затворена целата област околу центарот. Блокиран бил сообраќајот на најблискиот Булевар и влезот на најблиската станица на подземната железница.

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјавил дека ситуацијата е сериозна и веднаш свикал итен состанок. крај/мф/нц