Спроведување на договорот од Пржино, денеска пак за изборната регулатива

0
185

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска ќе ја продолжат работата врз изборното законодавство, што е дел од спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија.

По синоќешниот состанок за специјалниот јавен обвинител, на кој, според белгискиот експерт Питер Ванхојт имало „многу интересна и солидна дискусија“, денеска работната група продолжува со изборната тематика.

На завчерашниот состанок, според се уште неофицијални информации, дошло до приближување на ставовите во однос на Избирачкиот список и членовите и надлежностите на Државната изборна комисија. Овие две прашања би можеле да се затворат веќе денеска, а остануваат сериозните разлики во однос на правото на гласањето на дијаспората.

В петок планирано е да продолжат преговорите за законската рамка за изборот, функционирањето и надлежностите на специјалниот јавен обвинител. Според договорот од Пржино, тој треба да биде назначен најдоцна до 15 септември. Ако за тоа не биде постигната согласност, во тој случај посредниците во преговорите, амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав ќе пресечат.

Последните два состанока се одржуваат зад затвоорени врати, а на новинарите не им е дозволено ни да влезат во дворот на Клубот на пратениците во Скопје.

www.mkd.mk