Спроведувањето на договорот од Пржино започнува со ДИК

0
265

Работните групи кои произлегоа од договорот од Пржино, составени од политичките партии, координирани од страна на белгискиот експерт Питер Ванхоут денеска ќе разговараат за реконструкција или комплетно распуштање на Државната изборна комисија.

ДИК се најде на листата на забелешки во извештајот на бриселските експерти на чело со Рајнхард Прибе. Во документот се бара комисијата да биде составена од непартиски членови.

За адресирање на оваа забелешка, потребно е е опозицијата да се врати во парламентот за гласање на потребните измени на изборниот законик, што е предвидено да се случи во септември. До тогаш, разговорите ќе бидат се фокусирани на прочистување на избирачкиот список.

Без коментари

LEAVE A REPLY