СПЦ ќе спречи лезбејка да стане премиер на Србија

0
583

Српската православна црква (СПЦ) силно ќе се спротистави Ана Брнабиќ која не крие дека е лезбејка да стане нов премоер на Србија, макар и што станува збор за привремена функција бидејќи досегашниот Вучиќ победи на изборите и наскоро ќе биде инаугуриран како нов претседател на државата, пренесува Блиц.

Затоа СПЦ лобира на сите начини Брнабиќ да не стане шеф на владата. Таа сега е министерка за државна управа и локална самоуправа, но не е единствен кандидат за преземање на функцијата, бидејќи во игра се министрите Ивица Дачиќ и Никола Селаковиќ.

Вучиќ најверојатно ќе го има пресудниот збор во изборот на неговиот наследник и штом веќе одобрил Брнабиќ да биде министерка во неговиот кабинет нејзината сексуална ориентација нема да има никаква улога во носењето на одлуката. Самата Брнабиќ посочува дека тоа што е геј не е на нејзиното „CV“.

http://faktor.mk