СПЦ со остри критики против правото на абортус во Србија

0
197

Белградската адвокатка Јелена Дренча  побара од Српската православна црква да преземе „дисциплински мерки“ против метрополитот Амфилохиј, поради неговата изјава дека „Србинките станале мајки-чедоубијци“.

Метрополитот Амфилохиј за време на црковна служба во Косово на 15 октомври, наведе дека „во своите утроби српските жени секоја година убиваат повеќе деца отколку Мусолини, Хитлер и Тито“.

– Изјавата на Амфилохиј, дадена на „работното место на митрополитот“, за време на црковната служба во Печ, претставува нарушување на законот за дискриминација, нагласи Дренча.

Таа ја запраша СПЦ дали против Амфилохиј е покрената каква било постапка, бидејќи се прекршени одредбите на црковниот Устав и побара од црквата во најкраток можен рок да се изјасни по тоа прашање со цел да избегне тужба.

Поглаватор на СПЦ, патријархот Иринеј не ја оспори изјавата на метрополитот Амфилохиј.

Тој објасни дека „должност на жените е да раѓаат и да ја обновуваат нацијата“.

Иринеј на 28 октомври се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што двајцата изразија загриженост за намалувањето на наталитетот во Србија.