Сравревски во Битола и Прилеп

0
622

Изборите напролет беа помалото зло од сите кои стоеја на располагање како решенија за излез од кризата, изјави вечерва во Битола министерот за финансии Зоран Ставрески кој во партиска функција од ВМРо-ДПМНЕ учествуваше на трибини во Прилеп и во Битола. Ставрески наведе дека граѓаните ќе можат да ги даваат своите идеи и да ја градат новата програма на партијата со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на изборите во април.

Многу од идеите и проектите кои беа вградени во досегашните програми на ВМРО-ДПМНЕ беа дадени од граѓаните, како што е легализацијата на дивоградбите, можноста да се откупи дворното земјиште по едно евро од квадрат, намалувањето на акцизите за да може да се купат половни автомобили и многу други идеи, рече Ставревски.

Сите нови идеи на државно и на локално ниво ќе бидат разгледани, а партијата ќе направи трибини низ сите градови, и во руралните средини до крајот на годинава за да се заокружи програмата на ВМРО-ДПМНЕ за периодот од 2016 до 2020 година.

– Сите идеи ќе бидат разгледани најсериозно и најодговорно, како што и досега работевме за да видиме кои од тие идеи да ги прифатиме и да ги вклопиме во програмата за понатаму да се реализираат и да се подобри животот на граѓаните на Макеоднија, изјави Ставревски.