Србија демантира дека ја затворила границата со Македонија

0
486

Србија не ја затворила границата со Република Македонија, но почна да го применува вчерашниот договор што беше постигнат помеѓу полициите на пет земји во Загреб.

Тоа го соопштија од Министерството за внатрешни работи во Белград во одговор на публикации во електронски медиуми, според кои границата била затворена за бегалци.

Претходно вчера сајтот на весникот „Новости“ соопшти дека по ручекот од железничката станица во Шид во северсозападна Србија не тргнал ниту еден воз кон границата со Хрватска и уште најмалку 250 бегалци веќе се на пат од Прешево кон хрватската граница.

Според него, по ваквата одлука најверојатно и Македонија ќе ја затвори границата со Грција.

Директорите на полициските сили на Хрватска, Македонија, Австрија, Словенија и Србија веќе се договорија да воведат единствена регистрација на бегалците кои влегуваат од Грција во Република Македонија. Тие се согласија и за нивно транспортирање директно до границата со Австрија.

Целта на овој договор е да се спречи враќање на мигрантите во некоја од земјите од маршрутата.

Од денеска во Србија не можат да влезат бегалци кои претходно не биле регистрирани на македонско-грчката граница.

Портпаролката на Министерството за внатрешни работи Билјана Поповиќ-Ивковиќ потврди дека Србија почна да го спроведува договорот, вклучувајќи и организирање на превоз до австриската граница на мигрантите и бегалците.