Србија е првата балканска земја чиј Премиер учествува во геј парада

0
1146

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ учествуваше на Парадата на гордоста во Белград. Таа им се придружила на членовите на ЛГТБ заедницата и на нивните поддржувачи заедно со градоначалникот на Белград, Синиша Мали и со министрите Зоран Ѓорѓевиќ и Бранко Ружиќ.

„Сметам дека Србија не е ксенофобна земја. Секако, постојат уште многу работи што треба да се направат, како Законот за родова рамноправност и Законот за дискриминација. Работиме и на Законот на Алекса, бидејќи насилството помеѓу врсниците е уште еден од големите проблеми со кои се соочуваат припадниците на ЛГТБ заедницата, особено во тинејџерските години“, рече на собирот премиерката Брнабиќ.

И Јелена Карлеуша присуствуваше на геј парадата во Белград.

-Многу сум горда што сум денеска со вас! Горда сум што сум дел од ова. Не сум политичар, не знам да држам говори, но сметам дека да си роден поинаков не смее да биде цел на напад и нечија омраза. Се надевам дека еден ден ќе можеме да ги научиме децата дека Парадата е нешто за што се боревме, за нивно подобро утре. Ниту еден бог не е против луѓето и љубовта, рече Карлеуша.