Србија е светски шампион во фудбал

0
145

Фудбалерите на Србија до 20 години станаа светски шампиони откако со 2-1 го победија Бразил во финалниот натпревар.

Србија го слави најголемиот успех во својата фудбалска историја, нивната репрезентација до 20 години стана Светски шампион.
Србите во меч кој траеше 120 минути го совладаа Бразил со 2-1 и сосема заслужено се радуваат на светската круна.
Србија поведе во 70. минута со гол на Станиша Мандиќ, но само три минути подоцна Бразил изедначи преку Переира. Во регуларниот тек натпреварот заврши 1-1, па се премина во продолженија.
Кога се чинеше дека светскиот шампион ќе биде решен на пенали, Максимовиќ во 118. минута постигна гол и на Србија и ја донесе светската титула.