Србија и Косово се договорија за четири клучни области

0
1192

“Извонреден напредок” во дијалогот меѓу Србија и Косово за нормализирање на односите по војната (1998-1999 година) и едностраното прогласување независност на Косово (2008 година) објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Федерикa Могерини по средбата меѓу премиерите Александар Вучиќ и Иса Мустафа во Брисел.

Двете страни се согласиле за голем број спорни точки во меѓусебните односи.

Европската комисија не објави детали за условите за кои Белград и Приштина се договориле во енергетиката, телекомуникациите и овластувањата на српските општини во Косово.

Косовскиот и српскиот премиер постигнале начелна согласност за основните елементи на т.н. Асоцијација-Заедница на општините со српско етничко малцинство во Косово.

Постигнат е исто Акционен план за телекомите што ќе го олесни создавањето на сопствен телефонски систем во Косово и посебен телефонски код.

Третиот аранжман е поврзан со правото на премин преку мостот над реката Ибар во Митровица. Тоа беше еден од поводите за тензии меѓу етничките Срби и Албанци во градот.

Во кратко писмена изјава европскиот прв дипломат Федерика Могерини го нарекува резултатот од преговорите “пресвртна точка”. Взаемно прифатливиот компромис според Могерини го “симболизира духот на преговорите, на кои таа посредува.”

“Денешните одлуки носат конкретни бенефиции за луѓето, а во исто време им овозможува на двете страни да се чекор понапред кон европскиот пат”, додава уште високиот претставник на ЕУ за надворешна политика.