Србија и Македонија не може да бидат оставени сами да се справуваат со бегалците

0
645

Портпаролот на УНХЦР Мелиса Флеминг ја повика денеска Европа да најде решение за бегалската криза истакнувајќи дека Србија и Македонија „не може да бидат оставени сами да се справуваат со толку голем број бегалци“.

Флеминг ја критикуваше одлуката на Македонија да ги затвори границите за минување на мигранти.

– Тоа се бегалци кои бараат заштита и не смеат во тоа да се запираат, изјави Флеминг.

Европската комисија денеска соопшти дека Скопје има право да се штити од илегална миграција.

– Македонија има право во согласност со меѓународни закони да врши контрола на лица кои сакаат да влезат на нејзина територија и да забрани влез на оние кои не ги исполнуваат критериумите, соопшти прес службата на европскиот комесар за проширување Јоханес Хан, јави Танјуг