Србија ја „крилата„ на Теодосиќ, трилерот за Литванија: Второто полуфинале е Србија – Литванија

0
1113

Србија е третиот полуфиналист на Европското првенство во кошарка откако во четвртфиналниот меч славеше над Чешка со . Чесите му пружија жесток отпор на фаворитот, покажаа дека не случајно стигнаа до четвртфиналето, на крајот не можеа да го издржат темпото на противникот и потклекнаа во последната четвртина. Литванија е последниот полуфиналист на Европското првенство во кошарка. Литванците, во најквалитетниот меч одигран во досегашниот тек од првенството, по продолжението славеа над Италија со 95:85. Во регуларниот дел, во кој двете репрезентации имаа по еден напад за победа, заврши со резултат 79:79. Репрезентацијата на Литванија во полуфиналето кое е на програмата во петок ќе игра против Србија.

 

Србија – Чешка 89:75 (21:21, 24:21, 22:21, 22:12)
Ерцег 20, Бјелица 14, Теодосиќ 12 (Србија) – Весели 23, Саторански 20 (Чешкја)

Литванија – Италија 95:85 (21:20, 16:16, 23:23, 19:20, 16:6)
Валанчиунас 26, Мациулис 19 (Литванија) – Барњани 21, Белинели 18, Галинари 17 (Италија)