Србија ја зајакнува приправноста на безбедносните служби и војската поради мигрантската криза

0
343

Сите српски безбедносни служби се во состојба на подготвеност, а на претседателот Томислав Николиќ му е препорачано да свика седница на Советот за национална безбедност за да со сите капацитетот се одговори на сé покомпликуваната состојба со мигрантската криза во регионот, соопштено е во средата.

Согласно важечките законски решенија, во обезбедувањето повисок степен на безбедност во земјата ќе биде вклучена и српската војска, состојбата на целосна приправност се однесува на сите безбедносни и разузнавачки служби, како и армијата и полицијата, а заедничка задача им е заштитата на границите на Србија, изјави за Б92 српскиот министер за правда Никола Селаковиќ, по вонредната седмица на Бирото за координирање на безбедносните служби којашто започна попладнето во средата.

Селаковиќ ги отфрли нагаѓањата за можното подигнување ограда и ѕидови на границата, истакнувајќи дека „Србија тоа нема да го прави“. Предупредувајќи на фактот дека на границите на ткн балканска рута се појавуваат сé повеќе економски мигранти, Селаковиќ истакна дека кон сите бегалци и мигранти Србија и натаму „хумано ќе се однесува, но ќе се штити себеси и своите интереси“.

Седницата на Бирото за координирање на безбедносните служби во средата ја свика премиерот Александар Вучиќ по повод блокадите на границите на балканската рута, кои предизвика зголемен број мигранти коишто чекаат на граничните премини, а повеќе денови на македонско-српската граница се заглавени неколку стотици имигранти од Авганистан кои Србија не сака да ги прими и ги пропушташе повремено.

Европската комисија порано побара од земјите на балканската рута меѓусебно да ги координираат мерките и да спроведуваат заеднички европски пристап во однос на мигрантската криза.

Во меѓувреме во Белград во средата во две тепачки меѓу мигрантите едно лице е повредено и ограбено, а полицијата засега нема прецизни податоци колку имигранти учествувале во инцидентот, извести Радио-телевизија Србија (РТС).

Еден малолетен Мароканец е повреден со нож откако група од неколку Алжирци го нападнала и ограбила кај автобуската станица во Белград. Во паркот кај централната автобуска станица избувнала тепачка меѓу мигрантите, во инцидентот учествувале повеќе лица, а поводот не е познат, потврдиле за РТС од министерството за внатрешни работи на Србија./крај/мф/сн