Србија ја затвори границата, Балканот сака да се испразни од бегалци

0
538

Србија од вчера го затвори влезот за бегалци кај Прешево. Сите остануваат во Табановце, на македонска територија. Од саботата до денес се спроведува процес на празнење на територијата на Западен Балкан и земјите северно од нас ги туркаат сите мигранти кон Табановце. Проблемите со очекуваниот пролетен наплив на бегалци почнаа многу порано.

Од 20 февруари полициите на државите од балканскиот коридор го воведоа единствениот биометриски документ за сите бегалци и мигранти што минуваат во овој коридор. Овој документ се издава само на едно место, на Кота 59 на македонско-грчката граница, што претставува единствениот легален влез за бегалците на нивниот посакуван пат до Европа.

Новата политика на ЕУ и на земјите од балканскиот коридор почнува да предизвикува хаос во регионот. Пропусната моќ на коридорот наеднаш се намали, се зголеми процедурата за контрола, селекција и регистрација на бегалците, одделни земји воведуваат квоти, армијата почнува да се прераспределува по граничните линии… Како резултат на оваа нова политика, бегалците остануваат заглавени по одделни земји. Авганистанци и Сиријци остануваат заглавени во Табановце, во Прешево, во Суботица, Шид…

www.mkd.mk