Србија ја затвори границата со Македонија за бегалците

0
490

Србија денеска ја затвори својата граница со Македонија за мигрантите, бидејќи Хрватска не ги пушта бегалците кон Словенија и Австрија, објави белградскиот весник „Новости“. Се очекува и Македонија да донесе таква одлука.

Хрватска одбива да ги пушти барателите на азил да отпатуваат кон Словенија и Австрија, рекоа претставници на Српската комисија за бегалци.

Од 8 часот утрово ниту еден мигрант не пристигнал во прифатниот центар Прешево на југот на Србија, изјави раководството на овој објект за РТС.

Од вчера ниту еден воз не тргнал од станицата во Шид, а уште 250 бегалци се на пат од Прешево кон хрватската граница, затоа Србија решила да ја затвори границата со Македонија, пишуваат медиумите и додаваат дека сега и Македонија ќе биде приморана да ја затвори границата со Грција.

Кота 59 на македонско-грчка границае единствениот влез за бегалците и мигрантите на балканската рута.

www.mkd.mk