Србија нема да гради ѕид и азилантски кампови

0
2817

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема да гради ѕид на границата со Македонија, како ни кампови за азилантите. Според него, приливот на бегалци од земјите од Блискиот Исток на патот кон Унгарија ќе бил пренасочен кон Хрватска и Бугарија. „Не верувам дека Србија ќе донесе одлука исто како и Унгарија, да изгради ѕид на границата со Македонија за да го спречи влегувањето на мигрантите. Не се очекува зголемување на нивниот број кога конечно ќе биде затворена границата со Унгарија“, изјави Дачиќ додавајќи дека тие поради ѕидот ќе тргнат кон Хрватска и Бугарија.