Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ, Хрватска ќе и воведе противмерки

0
380

Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Миро Ковач во саботата изјавил дека Србија никогаш нема да стане членка на ЕУ и дека Хрватска ќе и воведе противмерки поради прогонувањето на нејзините бранители, пренесуваат српските медиуми.

Имено, српските власти во четвртокот на граничниот премин со Хрватска го уапсија хрватскиот државјанин Здравко Хлобик поради тоа што трагаат по лице кое што го има истото име и кое е обвинето за тероризам направен за време на „Татковинската“ војна.

„Вакво однесување, вакви заплашувања и провокации веќе никогаш нема да трпиме. И на овојначин Србија никогаш, повторувам никогаш, нема да влезе во ЕУ. И Хрватска е подготвена на противмерки“, рекол Ковач во Мостар за време на одбележувањето на Европскиот ден на сеќавањето на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими.

Последниот случај на нетрпеливост помеѓу двет земји настана откако 54-годишниот Здравко Хлобик од Осијек беше уапсен на граничниот премиер Богојево, при што српските власти го помешале со неговиот имењак Здравко Хлобик од Јелисавац, кој во Србија се товари за тероризам за време на „Татковинската“ војна, објавува „Гласот на Славонија“.

Хрватскиот министер Ковач побара од српските власти да престанат со прикривањето на правосудните списоци, односно на властите во Загреб да им ги достават податоците за хрватските бранители кои во Србија се осомничени или обвинети и поради кои Србија распишала потерница или пак на кои во Србија им е судено во отсуство. Тој појаснил дека во случајот со хрватскиот државјанин Здравко Хлобик се работи за замена на идентитт, односно дека хрватскиот генерален конзул му помогнал да дојде до хрватската граница./крај/мф/бс