Србија побара од ЕУ решение за Македонија

0
1017

Србија на амбасадорите на земјите членки на Еу денес им предаде нон пејпер во кој според медиумите има четири барања во врска со тензиите во регионот и” легитимирањето на проектот за Голема Албанија “.

Состојбата во регионот бара поголема вклученост на Брисел, беше објавено по  состанокот на српските власти со амбасадорите на земјите членки на ЕУ.

Според она што се дознава, како што дознава РТС,  во документот се укажува на тоа дека последните потези од страна на албанските лидери се координирани со цел постепено да се легитимира проектот “Голема Албанија”.

Притоа се бара релевантните меѓународни фактори да ја осудат агресивната реторика што го турка Западен Балкан во нови конфликти и поделби, да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина, да се најде урамнотежено мирно политичко решение за кризата во Македонија и да се осигура  територијалниот интегритет и суверенитет на меѓународно признатите држави и отфрлање на насилството како средство за постигнување на политички цели.

Во документот, меѓу другото, се цитирани и најекстремните изјави на албанските политички лидери од почетокот на годината.крај/мф