Србија се меша во внатрешните работи на Република Македонија

0
1180

Ова го изјави новиот министер за надворешни работи на Македонија Никола Димитров по повод присуството на српскиот разузнавач и дипломат Горан Живаљевиќ на 27 април во македонскиот парламент.

„Ќе се обидам да го затворам ова прашање со Србија без особени скандали, но ова не е добар почеток за нив. Во Собранието всушност имаше обид за државен удар, кој пропадна. Не може ваш вработен да биде дел од толпата која влзе во парламентот, а вие да тврдите дека не се мешате во внатрешните работи. Појасен пример за мешање во внатрешните работи во една држава не може да се најде. Јас како дипломат во странските државни институции влегувам на главниот  влез“, рече Димитров за српскиот портал Крик.
„Не е добро изградбата на новите односи со Србија да почнува со скандали”, рече Димитров.
Живаљевич, вработениот во српската тајна служба БИА ( Агенцијата за безбедност и информации) на 27 април влезе во Собранието, си направи неколку селфија, беше регистрирано неговото присуство и на други видео снимки и потоа изјави дека влегол за да види дали внатре имало припадници на српски навивачки групи.
Српскиот разузнавач во Македонија веќе неколку години е вработен во српската амбасада.