Србија се премислила за екстрадицијата на Даравелски

0
354

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави денеска дека екстрадицијата на поранешниот директор на Царинската урпава Драган Даравелски се прави врз основа на барање од страна од Интерпол односно преку Министерството за правда до Србија.

– Вчера бевме известени дека барањето е прифатено, има решение и Даравелски ќе биде екстрадиран. Подоцна дојде информацијата дека српското Министерство за правда го повлекло решението за екстрадиција, појасни Спасовски.