Србија врати 400 мигранти во Македонија

0
102

Пратеникот во федералниот Парламент на Австралија Стивен Џонс побара признавање на Македнија под уставното име. Џонс е претседател на парламентарната група за пријателство со Македонија.

Тој во говорот во Парламентот потсети дека тоа признавање веќе го сториле нивните сојузници САД, Велика Британија и Канада.

„Задоволен сум да бидам тука заедно со многумина кои сметаат дека треба да ги смениме нашите ставови во однос на Република Македонија. Република Македонија е нова држава, но со античка историја. Таа беше дел од Социјалистичка Република Југославија во периодот од 1945 и 1993 година, вкупно 48 години. Оттогаш, цели 22 години имаме несогласувања по меѓународни форуми, а тоа понекогаш се рефлектираше и тука, во Австралија – како во соодветна форма да ја реферираме таа земја. Ако ја направиме таа разумна и задоцнета промена, сигурно нема да бидеме први во тоа. 135 држави веќе ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, вклучувајќи ги и нашите блиски сојузници, како што се САД, Велика Британија и Канада. Во 2012 година, ја имав таа среќа да ја посетам тааа земја. Се сретнав со претседателот Ѓорге Иванов. Се сретнав со г-дин Попоски, министерот за надворешни работи, а бев и во Крушево на нивниот национален ден Илинден. Мислам дека е време да ја комплетираме сликата и да ја признаеме таа земја како Република Македонија“, рече Џонс.

Пред него, во неколку наврати со истото барање во австралискиот Парламент се обратија и пратениците Алана Мак Тиернан и Лук Симпкинс.