Србиновски ги „пречкрта„ Јаневски и Магдевски за Евробаскетот

0
292

Марјан Србиновски го соопшти списокот на репрезентативци кои ќе патуваат на Евробаскетот 2015 во Загреб. Селекторот реши да не патуваатт младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски. Македонија утре ќе патува со следните кошаркари: Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски. Покрај селекторот Србиновски во стручниот штаб на нашиот национален тим се и тренерите Перо Блажевски и Александар Јончевски и италијанскиот стручњак за физичка подготовка Џакомо Браида.