Србиновски: „Психолошки ни одговара што сме аутсајдери„

0
417

Сите детали од играта на грчката репрезентација се проучени и Македонија подготвена го чека првиот натпревар на Евробаскетот кој стартува утре. Во мирна атмосфера и без дополнителен притисок Илиевски, Хендрикс и другарите ги дочекаа последните часови пред мечот. Иако двајца наши кошаркари беа вознемирени утрово со допинг-контролата на ФИБА, фокусот останува на мечот си Грција и селекторот најавува дека нема воопшто да калкулира. „Грчката школа на кошарка се заснова на пик-ен-рол и на играта на Спанулис. Исто така и играта на долен пост, каде се многу добри. Ние мора да ги сопреме овие две работи за да очекуваме добар резултат. Тактички сме спремни и ни преостанува да излеземе и да „изгинеме„ до поволен резултат. Од аспект на психолошка гледна точка, таа улога на аутсајдер ни одговара. Единствен притисок што имаат од мене и од цела наша јавност е да „изгинат„ и да дадат максимум. Ако имаме и мала шанса да ги изненадиме, ќе се обидеме да го направиме тоа. Ние ќе почнеме најјако што можеме со Грција, со калкулации нема да се расправаме„ истакна селекторот на нашата репрезентација, Марјан Србиновски веднаш по утринскиот тренинг на ден пред дебитантскиот меч со Грција. Попладнево од 18:30 во арената „Дражен Петровиќ„ нашите репрезентативци ќе го имаат и вториот денешен тренинг. Утре изутрина од 10:30 часот, Србиновски пак ќе ги „растегне„ репрезентативците за спремни да го дочекаат мечот со Грција.