Србиновски: „Задоволен сум, со проблеми игравме долго време рамноправно„

0
3205

На прес-конференцијата по мечот селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација обелодени дека сепак имал здравствени проблеми пред и за време на мечот и дека кога натпреварот дефинитивно беше загубен ги заштеди клучните кошаркари: „Имавме позитивни моменти во мечот, се враќавме во натпреварот од минус со добра наша игра. Имавме пад во нашата игра во последниот период, а јас свесно штедев некои од клучните играчи за мечот со Холандија. Илиевски денес играше со температура преку 37 степени, Хендрикс почувствува болка во стопалото, па не ризикував„ истакна младиот стручњак. Во третиот официнален натпревар, Грција по втор пат не совлада, а ние нема претерано време да тагуваме, бидејќи вистинскиот наш турнир почнува утре, кога за прв пат на европските првенства ќе играме со Холандија. Мечот се игра во првиот утрешен термин од 15:00 часот во загребска „Арена„.

Без коментари

LEAVE A REPLY