Сребрен јубилеј на ХЕМОМЕТАЛ

0
450

Нивната приказна започнува пред 25 години во 1990 само со двајца до тројца вработени за денеска на нивниот 25 роденден да не пречекаат околу 40 вработени . Компанијата денеска располага со 8 подружници низ земјава и две сестрински фирми и со повеќе од над 600 трактори во продажба .Приоритетна дејност на компанијата е продажба на трактори и земјоделска механизација, вештачки ѓубрива, опрема за фарми, градинарска опрема и ситна механизација. Уште од самите почетоци посветени кон развојот и унапредувањето на своите клиенти, овозможувајќи им пристап до најсовремените производи коишто се технички усовршени и со препознатлив висок квалитет Хемометал 25 години посветеност, развој и вложување во човечките ресурси во компанијата, понудена сигурност кон клиентите и гаранцијата за квалитет биле главните карактеристики на оваа компанија која што ги прави различни од конкуренцијата.

MIRKO

Нудиме производи од најдобрите и најпрепознатливи светски брендови: Zetor, Solis, Hattat, Alpler, Agrex, Gaspardo, Stiga, Metalfach, Ilgi, Turkay, Palazoglu, и многу други реномирани компании чиишто производи овозможуват зголемување на продуктивноста а воедно и унапредување на вештините во земјоделието, изјави Мирко Велковски директор на ХЕМОМЕТАЛ

Хемометал претставува синоним за модерно земјоделство. Впрочем такво е и нивното мото „Изберете доверба“! Велковски вели дека квалитетот на производството во земјоделието зависи и од условите за работа во тракторот

– Во последниве години преку ИПАРД програмата на земјоделците им се нудат можности за набавка на нови машини и трактори, по поволни цени.Секој трактор има клима, нашето убедување е дека квалитетот на производството зависи од условите за работа во еден трактор, па од големо значење е тракторот да биде климатизиран, додаде Велковски

Но нивната приказна не завршува тука. Ова е само една заокружување на нивната успешна работа, еден сребрен јубилеј одбележан од сите, како една семејство, работници, менаџери,инжинери, дистрибутери, директори, соработници. Им посакавме Среќен роденден и довидување до златниот јубилеј

 

Без коментари

LEAVE A REPLY