Сребрен јубилеј на СИНПЕКС

0
886

Работници, менаџери,инжинери, дистрибутери, директори, соработници, облечени во маици со сопствено лого и напишана 25-ка и со топка во рацете и нанеа напишана 25-ката, сите заедно како едно семејство, на една маса и на едно место, во својот сопствен продажен центар го одбележаа својот 25-ти роденден. Сребрен јубилеј . Компанијата СИНПЕКС е една од ретките семејни бизниси во Македонија која може да се пофали со јубилеј од 25 години опстојување на пазарот. Нивната приказна започнува во 1990 година само со тројца вработени, за денес на нивниот 25-ти роденден да не пречакаат околу 50 тина вработени

sinisa sinpeks

-Започнавме само со тројца вработени, за сега во фирмата да работат 50. Нашиот раст како фирма беше континуиран, изјави Синиша Петровиќ-СИНПЕКС-Битола sinpeks

Она што им дава мотивација на вработените да бидат успешни и одговорни секој во својот сектор, била како што велат, тимската работа. Велат кога се работи со љубов и кога имаш добра координација со своите колеги, секогаш работата има плод.

Го запрашавме Петровиќ кој е рецептот за успех? Само упорност и многу работа, ни рече!

Но тука не завршува нивната приказна. Ова е само едно заокружување на фамилијарната традиција долга повеќе од 40 години. 25- години е знак по кој што ги препознаваат илјадници корисници на земјоделска опрема и механизација ширум Македонија. Нивната визија продолжува и понатаму со нови идеи во сите нивни сегменти, се со една цел, корисникот да добие максимални услуги за вложените средства. Домаќините не испратија а ние им посакавме,СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СИНПЕКС и довидување до златниот јубилеј!