Средба Груевски – Бајден

0
481

Со американскиот потпретседател Џо Бајден разговаравме за политичкиот договор,  економијата и економската соработка, безбедносните предизвици, членството на македонија во НАТО и во Европската Унија, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со Бајден во Вашинготн. Тој изјави и дека Америка е партнер на Македонија и дека таа соработка ќе продолжи и во иднина, особено на полето на влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ. Пред средбата со Бајден, Груевски имаше средби и со Пити Сешн, претседател на законодавниот комитет на конгресот, како и со Ален Берсин, помошник секретар за национална безбедност.