Средба меѓу претседателот на Судскиот совет и УПОЗ

0
574

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски за денеска им закажал средба на претставниците од судовите и УПОЗ.

Тој, според претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски денеска најверојатно ќе ги седне на маса да ги чуе барањата на синдикалците. Според синдикатот на судската администрација на вчерашната седница на Судскиот совет се разгледувале две точки кои се важни за судската администрација.
ОД УПОЗ велат дека според првичните и неофицијални сознанија, вработените кои протестираа ќе добијат само 60 отсто од платата, останите 40 отсто ќе им бидат скратени затоа што протестирале.
Судските службеници велат дека ако власта не ги исполни барањата ќе почнат и штрајк со глад.