Средба на Ахмети и Даниелсон

0
288

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се сретна со Кристијан Даниелсон, директор на Директоријатот за проширување на ЕК, при што разговарале за за последните случувања, спроведувањето на Договорот од Скопје како и реформите. Лидерот на ДУИ Ахмети истакна дека ДУИ се ангажира за итно враќање на Парламентот, да се одложат изборите, за промена на законот за помилување и да обезбедиме гаранција за работата на Специјалниот Обвинител.

Во следните итни чекори, ДУИ целосно ќе се посвети за спроведување на реформите кои произлегуваат како обврска од страна на нашите Евро-атлантски партнери и нашата работа нека се оценува од делата.

Директорот на директоратот за проширување на Европската комисија ќе оствари среди со лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино при што од ракав на маса ќе им ја пласира пораката од ЕУ, дека се бара одговорност од земјите аспирантки за членство во ЕУ и волја од македонска страна за да се одржи таа перспектива.