Средба на експертско ниво за безбедност во авијацијата

0
302
Експерти од Европската унија идната недела ќе разгледуваат начини за засилување на безбедноста на аеродромите по нападите во Брисел.

Средбата која ја организира Европската Комисија и ќе се одржи на 31 март, додека средбата на експерти за безбедност во копнениот транспорт ќе биде организирана на 11 април.

Засега нема конкретен дневен ред, но претставник на ЕУ отфрли идеја за воведување построги мерки за безбедност на европско ниво.
– Комисијата нема да побара исти мерки за безбедност од мал аеродром во Финска. Такви мерки може да се побараат од големи транспортни центри како Брисел или Париз. Инсталирањето скенери на влезовите на аеродромите е прашање кое треба да го решат националните власти, изјави тој.