Средба на Поповски и Коѕиас во Варшава

0
361

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на маргините на Самитот во Варшава ќе се сретне со грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, пишува Мета.

Попоски и Коѕиас последен пат имаа средба во Брисел во мај на маргините на Министерскиот состанок на НАТО. Во таа прилика двајцата министри разговараа за мерките за градење доверба, билатералните односи и соработка, но и политичката ситуација во Македонија. Коѕиас тогаш бараше да биде информиран за политичките случувања и изрази надеж кризата во брзо време да заврши и ситуацијата да се нормализира, апелирајќи до сите политички страни да покажат култура за прифаќање компромиси.

Од последната средба на Коѕиас и Попоски се одржа уште една рунда разговори меѓу македонската и грчката страна за мерките за градење доверба, а Атина ја посети и специјалниот пратеник на Германија за политичката криза во Македонија, Јоханес Хајндл.