Средба Попоски- Коѕиас во Солун

0
350

Поради ситуацијата во Македонија, прашањето за името не е тема на агендата за разговори на Попоски и Коѕиас, искоментира шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас за Канал 5.

„Во овој период не разговараме за ова прашање. Соседната земја се наоѓа во голема внатрешна криза, која треба да се земе во предвид во однос на тоа дали постојат перспективи за да се решат посериозни прашања“, вели Коѕиас.

Шефот на грчката дипломатија, како домаќин на конференцијата во Солун, оствари средби како со македонскиот, така и со неговиот бугарски колега.