Средба Путин -Трамп во Хамбург

0
346

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска ќе се сретнат на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург.

Според шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Москва уште во април доставила предлог теми за средбата меѓу Путин и Трамп.

– Русија очекува реакција од САД, посочи Лавров.

Тој додаде дека Москва побарала од Вашингтон информации и по вчерашната изјава на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за зоната за забранети летови во Сирија.

– Намерата на Вашингтон да соработува со Москва во решавање на сириската криза е чекор во права насока, посочи Лавров.

Без коментари