Средба со jастреб и како да и се помогне на птицата

0
821

„ Пред се не сакам да делувам како херој кој спаси птица во Битола, но добро е да го споделам искуството со кое се соочив. Едно утро на скалите во мојот дом забележав птица која беше голема, но не знаев за што станува збор.

Snap 2016-02-11 at 22.33.03

Фотографиите ги поставив на мојот приватен профил на Facebook. И веднаш добив многу совети како да и помогнам, таа одбиваше вода и ронки. Се зачудив како многу луѓе ме исконтактираат кои се бават аматерски или професионално. Ми кажаа дека станува збор за јастреб женка. Огнен Поленак ми даде совет околу начинот на исхрана. Се запознав со цел еден свет кој се занимава со оваа проблематика професионално. Исто така и сум благодарен и на претседателката на друштвото за заштита на буфови во Македонија. И добив насоки како да се однесувам со птицата“ вели режисерот Јован Ристовски.

12714108_10208356073883166_1198987770_n

„ Многу често бркајќи го својот плен, јастребите се удираат во каблите на бандерите, во прозорци поради одблесокот ( огледало ефект) напиша Поленак и даде совет како да се храни.

Snap 2016-02-11 at 22.33.55

 

Птицата одлета, а Ристовски вели дека веројатно таква човечка природа носи во него. „ Во принцип јас сум голем хуманист и тоа не значи дека сум хуман само кон луѓето, туку и кон секое живо сусштество на кое му треба помош“ вели тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY