Средно уметничко училиште и ски патека над Нижеполе

0
1020

Нова ски патека над Нижеполе, е еден од предлозите со кои синоќа пристигна пред Центарот за култура во Битола наш сограѓанин. Смета дека со тоа ќе се добие уште еден терен за скијање, а дека Битола ќе ја зголеми својата привлечност за туристите кои уживаат во зимските спортови и рекреација.

Друг битолчанец пристигна со идеја да се отвори Средно уметничко училиште во Битола.

И други предлози беа дадени на трибината која ВМРО ДПМНЕ ја организираше во Битола, а со која се сака идеите на граѓаните да бидат вградени во предизборната програма за предвремените парламентарни избори во април следната година.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY