Средношколски марш

0
574

Со извици „Нема да ви помине“, „Нема правда, нема мир“, „Доста беше молк“, „Екстерно за владата“ и звуци на сирената за тревога, неколку стотини средношколци, во организација на Средношколскиот пленум, денеска излегоа на марш на улиците на Скопје.

Средношколците се пожалија дека имале притисоци и закани да не присуствуваат на маршот, но сметаат дека имаат право и обврска да се борат против, како што велат, експериментите во средното образование. Дел од средношколците рекоа дека нивните другари од гимназијата „Јосип Броз Тито“ биле заклучени во училиштето за да не дојдат на маршот.

Средношколците бараат коренити промени што ќе го подобрат образованието. Еден од учесниците на протестот, Андреј Битраков, вели дека бараат укинување на екстерното тестирање, државната матура да се полага следните четири години по стариот концепт, и да бидат рамноправно вклучени ако се носи нов концепт на полагање матура.