Средношколскиот пленум продолжува, на 1 септември алтернативни предавања

0
307

На 1 септември во 18 часот во Паркот на новинарите во Скопје, пред зградата на Министерството за образование, Средношколскиот пленум ќе организира алтернативни предавања, панел дискусија и други активности.

Овој прв собир на средношколците по летната пауза за Средношколскиот пленум претставува враќање на општествената сцена во борбата за реализација на нивните барања.

„Се надеваме дека министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува“, соопштија средношколците.