Среќен крај-на Идо Нетанјаху, најнова претстава во Битолскиот театар

0
229

На 50-тото јубилејно издание на театарскиот фестивал Војдан Чернодрински, чие свечено отварање ќе биде денес, 12 ти јуни, неколку актери од битолскиот театар ќе учествуваат на истото а освен тоа битолскиот театар ќе гостува на 18 -ти овој месец со претставата Иванов.

Освен учеството на овој фестивал, битолскиот театар гостува и во Нови Сад.

Најновата премиера која ќе биде изведена овој викенд е со наслов Среќен крај по текст на Идо Нетанјаху а во режија на Благој Мицевски.

Press_Teatar_-_3.jpg

Дејството во истата се случува во 30- тите години на минатиот век во Берлин, кога настапува на светската историска сцена -нацизмот .

Зборува за судбината на едно еврејско семејство и се занимава со едно посебно важно прашање.

Авторот користи театарски конфликт за да создаде претстава со камерен карактер и преку состојбата на актерот да ја раскаже приказната.Претставата е со универзален карактер и трогателна тема.

Press_Teatar_-_1.jpg

Во истата играат-Кристина Христова Николова, Огнен Дранговски, Марјан Ѓоргиевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Александар Копања и Катерина Аневска.

За музиката е задолжен Марјан Неќак кој со Мицевски по втор пат соработува на претстава.

Во основа драмскиот конфликт во Среќен крај, актуелизира еден проблем, карактеристичен за современиот човек, проблемот на интерпретација на стварноста надвор од сопствениот живот и сопствените претстави за него.

Премиерата на Среќен крај е на 14 -ти јуни..