Среќен роденден Чкембари

0
472

Чкембарите, се една од најстарите навивачки групи во Македонија која ги поддржува сите спортски клубови од Битола кои го носат името Пелистер. Со ФК. Пелистер најголем успех им е освојувањето на купот во 2001, кога Пелистер стигнал до третото кваликациско коло од купот на УЕФА.

Како почеток на создавањето на Чкембарите, се смета 1985 година, кога на бараж натпреварот за опстанок во Првата Југословенска ракометна лига за мажи помеѓу РК. Пелистер и РК. Партизан од Бјеловар, од Битола се упатил навивачки караван од 21 автобус.

Викендов со концерт на кој настапија Рокенролерс и Рок банда, на најамбиенталната улица Широк Сокак, се прослави роденденот на чкембарите но и со голема баклјада долж целата улица.

Илјадници битолчани се собраа на „Широк сокак„ да го прослават 30-тиот роденден на чкембарите.

Дури и случајните минувачи се вклучија во општиот хепенинг кој го комплетираше четвртиот ден од прославата.

На забавата претходеше – Ревијален натпревар со легендите на Пелистер , Крводарителска акција , Трибина “Спортот во Битола”,за потоа јубилејот на чкембарите да се прослави со сите оние кои некогаш биле дел од чкембарската трибина и сите оние кои го почитуваат сето она што претставуваат ,,Чкембари”.

Без коментари

LEAVE A REPLY