Среќен роденден ТСК.Степ ап

0
214

Танцовиот спортски клуб Степ ап од Битола, го прославија својот први роденден во народниот театар.

Изминатиов период учествуваа на државно првенство во Скопје по латино американски и модерни танци,каде освоија вкупно 22 први места.
На манифестацијата учествуваше специјалниот гостин кој го нарекуваат наследникот на Мајкл Џексон заради неговите танцувачки вештини.
Тој на сцена бил заедно со многу светски звезди а танцувањето постојано го надградува.
Танцот е начин за уметничко изразување, но и начин на комуникација кај многу култури. Танцот го практикуваат аматери и професионалци, уживајќи во ритамот на музиката.

step_ap_2.jpg
Танцовиот спортски клуб СТЕП АП Битола реализира тренинзи на кои активно се изучуваат латино-американските и стандардните танци а го негува согласно со светските правила и пропозиции кои се пропишани од Светската танцова спортска федерација.
Кога се зборува за танцот, како уметност и како спортска активност не смее да се заборават неговите приоритетни вредности: правилен раст и развој на комплетно секој дел од телото, правилно држење на ‘рбетниот столб, намалување на стресот и последиците од него, зголемување на самодовербата која потоа придонесува и за поголем успех во школските и/или работните активности, рекреација, дружење и секако добра забава.