Среќен втори роденден Brass brothers

0
753

Во ноќниот клуб Позитив, пред многубројните гости се прослави роденденот на Brass brothers.

Тие се едни од оние бендови, кои во текот на своето релативно кратко постоење на македонска музичка сцена, создадоа многу фанови ширум Македонија и веќе станаа бренд на Битола. Сега го прославија својот втор роденден.

Роденденската забава не смее да помине без роденденска торта, па така и оваа вечер свеќичките ги дувнаа членовите на бендот.

Овој бенд го сочинуваат професионални музичари, нивната цел е да шират позитивна енергија преку она што најмногу знаат и уживаат да го работат тоа е свирењето на лимени инструменти, преку кои изведуваат широк спектар на најразлични стилови на музика .