Среќна тројка за дебатното кино Контра кадар

0
358
Група ентузијасти, активисти, уметници, интелектуалци, љубители на филмската уметност, сите до еден искрени сонувачи, се иницијатори и организатори на дебатното кино „Контра кадар“ – општествено ангажиран настан со филмски проекции проследени со дебати на темите што ги наметнуваат самите филмови.
Дебатното кино Контра кадар, оваа година одбележува 3 години постоење.
Контра кадар е платформа која на Битолчани им нуди искажување на своето мислење, поврзано со филмските проекции.
Као лајт мотив послужува и за отварање на дебатно кино Контра кадар и во Скопје.
По повод одбележување на три годишното постоење, Контра кадар деновиве организира фестивал кој започна со проекција на филмот Касаба на авторот Нури Џејлан, а на која гостин беше Дејан Здравков доктор по филозофија.
Во рамките на програмата е и филмот Барајќи ја среката, на Марија Џиџева, Ова е пуч на Пол Мејсон, предавањето на Марвакис на тема Перспективите на критичката психологија, во сабота, со почеток од 14 часот во малата сала на Центарот за култутра.
Вечерта следува проекцијата на Монти Пајтон и светиот грал со гостите Марјан Ѓоргиевски и новинарот Ѕвездан Ѓоргиевски, а ќе се дискутира на тема Субверзивноста и лимитот на хуморот.
Покрај филмските проекции е предвидена и музичка програма со гостување на групи од Битола и Скопје во кафе бар Порта џез.