Срѓан Kерим со јавно претставување во Обединетите нации

0
350

Македонски кандидат за генерален секретар на Обединети нации, д-р Срѓан Kерим, денеска во Њујорк ќе има јавно претставување како дел од процесот на јавно сослушување на сите кандидати. Сослушувањето ќе се изврши од 15 до 17 часот по локално време.

Во седиштето на Обединетите нации денеска почна првото јавно претставување за генерален секретар на ОН во рамки на настојувањата процесот на изборот на првиот човек, за кој до оваа година традиционално одлучуваа светските сили зад затворени врати во Советот за безбедност, да стане потранспарентен.

Во текот на следните три дена на членовите на Генералното собрание на Обединетите нации, кои претставуваат 193 земји ќе им се претстават осум кандидати, кои досега се вклучени на дневниот ред.

Без коментари

LEAVE A REPLY