Срѓан Захариевски е именуван за нов тренер на Пелистер

0
989

Срѓан Захариевски официјално е претставен како нов тренер на Пелистер за сезоната 2017/18. Тој потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на соработката ако двете страни бидат задоволни по истекот на договорот.

Срѓан Захариевски е надежен тренер кој во нашата ПМФЛ го водеше Металург, па ова му е втор предизвик. Целта е да го одведе Пелистер во Европа по освојувањето на Купот во мај оваа година. Поранешниот македонски репрезентативец ќе соработува со Петар Костовски и Спасе Ристевски, кои бе соработници и на Шенсои, а тренер на голмани ќе биде и натаму Горан Пашовски.

Захариевски ќе го наследи Наџи Шенсои, кој соогодбено го расина договорот со Пелистер пред две недели, само четири дена по европската елиминација на „зелените“.

Разговорот со него во утрешниот Спорт рапорт на Тера.

 

Без коментари