Српска партија бара Србија да подигне ѕид на границата со Македонија

0
545

Српската народна партија (СНП) смета дека Србија треба да подигне ѕид на границата со Македонија, бидејќи само така може да го спречи неконтролираниот прилив од најмалку 2.000 луѓе кои секој ден од Блискиот Исток и северна Африка пристигнуваат во земјата, јавува српската новинска агенција Танјуг.

„Веќе е време да почнеме да се однесуваме како секоја земја од западна Европа, која на прво место го става својот, а не туѓиот интерес“, се наведува во соопштението на СНП, потсетувајќи на заштитната ограда која Унгарија ја поставува на границата со Србија.

Од партијата потсетуваат дека според дефинициите на ОН и ЕУ, „бегалци се оние кои бегаат од војна, азиланти се лица кои се загрозени во татковината поради своите политички ставови, а мигранти се оние кои се преселуваат во потрага по подобар живот“.

„Во Србија немаме официјален став за која категорија луѓе станува збор, освен што секојдневно пристигнуваат алармантни вести од официјални кругови дека до крајот на годинава ќе бидат поднесени 100.000 барања за азил, што нас ќе не чини дополнитилни 150 милиони евра, а во јужниот дел од земјата ќе се гради монтажен град за дури 400.000 азиланти“, се додава во соопштението на партијата.

Според партијата, поради гарантирање на сопствената безбедност, Србија оваа ситуација мора веднаш да почне да ја третира како вонредна и да преземе мерки кои не се вообичаени при нормален прилив на мигранти, како што е многу силна контрола на границите со помош на војската и останатите надлежни служби.

Без коментари

LEAVE A REPLY