Српската актерка Марија Бергам за впечатоците од премиерата на Сенките над Балканот

0
329

 

Дел од екипата на премиерата на Сенките над Балканот во Битола, беше и српската актерка Марија Бергам. За впечатоците од премиерата изјави – Во Сараево беше малку стресно бидејќи беше прво прикажување, во Ниш поминавме одлично, а веќе во Битола прикажувањето помина во опуштена атмосфера.

Работата на оваа серија била вистински предизвик.

-Работата беше машка, можам така да се изразам. Снимавме во зима, со двојно работно време, но работевме сите посветено, ентузијастички, храбро, една креативна и професионална екипа. Убаво е и ретко кога се чувствува дека на сетот секој човек од Драган до луѓето задолжени за каблите, веруваат и се заинтересирани за она што го работат.

 

-Главните ликови се од српската приказна, но и русите и македонците тука се еднакви во таа актерска плетенка.Македонските актери имаа одлични улоги и многу се професионални.Мислам дека македонската публика ќе биде горда на нив-изјави Марија за соработката со македонската екипа.