Српската граница затворена за мигрантите

0
206

Српските власти одлучиле да ја затворат границата со Македонија, на Табановце за мигрантите и тоа е сторено утринава околу 7 часот, јавуаваат скопските медиуми. Во текстот се вели дека објаснувањето на Србија за овој потег е оти во бегалскиот камп во Прешево повеќе нема место за нови имигранти. Според тоа, границата ќе остане затворена се додека кампот во Прешево не се подиспразни за да може да прими нови беглаци. Според податоците во српските медиуми, од отворање на бегалскиот камп во Прешево на 8 јули досега поминале повеќе од 6 илјади луѓе, а секојдневно таму издаваат по најмалку илјада потврди за мигрантите. Дел од српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.